Денеска на Мундијалот: Србија е на потег, ќе добие ли Балканот уште еден осминафиналист!?

245

Денеска и дефинитивно завршува групната фаза на Мундијалот во Катар. Се играат последните четири натпревари во групите Г и Х. Секако дека прашање на денот, барем за овие простори, дали Србија ќе биде втората репрезентација, покрај Хрватска, од Балканот која ќе се пласира меѓу 16-те најдобри во светот.

ГРУПА – Х (16:00 Ч)

ГАНА – УРУГВАЈ

Ј. КОРЕЈА – ПОРТУГАЛИЈА

Табела: Португалија 6 (+3), Гана 3 (0), Ј. Кореја 1 (-1), Уругвај 1 (-2)

Сепак да тргнеме со калкулациите во групата -Х, чии мечеви се играат од терминот од 16 часот. Португалија тука е во пол – позиција. Игра со Ј. Кореја и победа, па и реми ќе и донесе прво место во групата. Гана има три бода и сама си решава на мечот против Уругвај, победа а можеби и реми ќе ја однесат оваа селекција во следната фаза. Ј. Кореја верува во теорија, а таа вели дека треба победа над Португалија, но и реми на вториот меч, или пак Уругвај да не победи со поголема разлика отколку Ј. Кореја.

Уругвај пак мора да ја победи Гана, но и Ј. Кореја да не победи со Португалија.

ГРУПА – Г (20:00 Ч)

КАМЕРУН – БРАЗИЛ

СРБИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

Табела: Бразил 6 (+3), Швајцарија 3 (0), Камерун 1 (-1), Србија 1 (-2)

Србија и со победа над Швајцарија, според некое лудо сценарио не е сигурен патник во 1/8 финалето, а тоа е Камерун да слави над Бразил. На “орлите“ на Пикси им одговара само победа над Швајцарите и Камерун да не го победи Бразил.

Бразил и со реми, па и со пораз од Камерун ќе биде прв, но тогаш Швајцарија не смее да ја победи Србија, или ако ја победи тоа да биде со помала гол разлика.

Швајцарија и со реми оди натаму, но и ќе чека Камерун да не го победи Бразил.

Камерун пак да оди натаму му треба прво победа над Бразил, а Швајцарија да не победи. Но тогаш ќе брка победа со поголема гол разлика на мечот со Бразил.

Сега главното прашање е дали и како ќе калкулира Бразил. Јасно е дека Тите ќе игра со резервен состав, но и тој е пресилен за да загуби и избламира на дуелот со селекцијата од Африка.

ПретходноНајтажната фотографија на Мундијалот! (ФОТО)
СледноНаумоски доби друштво!