Ивановски обезбеди полуфинале во Мадрид

97

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има одличен финиш на актуелната тениска сезона. Денеска во четврфиналето на ИТФ турнирот во Мадрид кој се игра за награден фонд од 15.000 долари, нашиот тенисер обезбеди уште една убедлива победа.

Ивановски во два сета со 6:4 и 6:1 славеше над Мексиканецот Фиерос и обезбеди пласман во полуфиналето. Таму за противник ќе го има Холанѓанецот Понтјодикромо кој има послаб АТП рејтинг од нашиот тенисер, но кој исто така денеска во четвртфиналето славеше во два сета против својот ривал.

ПретходноЈапонците се искрени: Ма каква чудесна победа, Шпанија по пресвртот на Германците престана да го напаѓа нашиот гол!
СледноВан дер Варт: Зиле е германскиот Мегваер