По завршувањето на групната фаза се комплетирани сите осминафинални парови на Светското првенство во Катар.
Мечевите почнуваат уште утре со два дуели. Први на терен излегуваат Холандија и САД, а потоа и Аргентина и Австралија. Победниците од овие два меча ќе се сретнат меѓу себе во четвртфиналето.
На 4 декември (недела) ќе играат Англија и Сенегал во Ал Кор како и Полска и Франција во Доха. Победниците од овие дуели ќе играат меѓу себе во следната рунда.
Во понеделник (5 декември) играат: Бразил-Јужна Кореја и Јапонија-Хрватска.
Во вторник (6 декември) ќе се соочат Мароко-Шпанија и Португалија-Швајцарија.
The last 16 of the @FIFAWorldCup! 🏆 pic.twitter.com/l9mmwYgxUt
— England (@England) December 2, 2022