Наумоски доби друштво!

451

Петар Наумоски е икона на Анадолу Ефес, на актуелниот европски првак. Сите се сеќаваме како пред околу 25 години ги воодушевување фановите на овој тим од Истанбул. И токму затоа во 2017 година неговиот дрес со бр.7 беше повлечен. Тој беше првиот екс – кошаркар на Ефес кој ја доби таа чест. Од вчера нашата кошаркарска легенда доби друштво и тоа во Хрватот Крунослав Симон, на кого исто така му беше повлечен дресот со бр.44 и тоа пред натпреварот Анадолу Ефес – Олимпијакос. Дресот на Симон е на врвот на арената „Синан Ердем“ и тоа веднаш до оној на Македонецот.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Србија е на потег, ќе добие ли Балканот уште еден осминафиналист!?
СледноШокантно: Мундијалите во 2026 и 2030 без Германија!?