Селекторот на Уругвај: Заслуживме осминафинале, а си одиме со горчина во устите

124

По елиминацијата на Уругвај, селекторот на Уругвај Диего Алонсо зборуваше за настапот на неговата репрезентација на СП во Катар и разочарувањето поради тоа што не се пласира во  осминафиналето.

Тимот направи се што требаше за да се најде во следната фаза. Покажа зрелост, убав фудбал, расположение, голови, шанси за голови, имавме и фаули за пенал кои не ги свиреа за нас, но на крајот тоа е фудбалот. Понекогаш е суров. Си одиме дома со горчина во устите“, изјави Алонсо.

Немам поплаки до фудбалерите. Тие си го сработија тоа што им кажав. За жал немавме среќа на крајот. Дадовме се од себе. Разочаран сум затоа што заслуживме да играме во осминафиналето“, додаде уругвајскиот селектор.

ПретходноПеле: Јас сум во болница пријатели мои, ви благодарам на пораките
СледноБитола се подготвува за дерби, Комити ќе се сместат на новата трибина (ФОТО)