Il Fatto Quotidiano известува дека 17 играчи на Јувентус биле вклучени во тајните исплати на платите кои изнесуваат вкупно речиси 60 милиони евра.
Извештајот тврди дека клубот јавно изјавил дека играчите ќе се откажат од четири месечни плати за време на раните фази на пандемијата, но во реалноста клубот склопил тајни договори за исплати „под маса“.
Џорџо Киелини навидум го признал ова во серијата пораки во клупската група на WhatsApp испратени во март 2020 година. Во една од пораките Киелини напишал: „Не зборувајте за овој договор“
Италијанската финансиска полиција ги откри договорите меѓу Јувентус и 16 играчи, во вкупна вредност од 56,6 до 61,8 милиони евра, за тајно да ги исплатат нивните плати. Во шест од овие случаи биле пронајдени приватни договори потпишани од двете страни, во четири биле потпишани само од Јувентус и во еден немало потписи.