Тажни, ужасни вести доаѓаат од Финска. Имено вчера на 25 години почина Рони Пепонен, кој некогаш важеше за голема фудбалска надеж на својата земја, беше фудбалер на Хелсинки. Оваа вест ја потврди неговото семејство и побара од сите да се почитува приватноста на починатиот.
Сеуште не се знаат причините за смртта на младиот човек, кој на 23 години ја заврши својата кариера. Се шпекулира дека имал големи проблеми со депресијата поради која и го напуштил фудбалот многу рано.