Уште една оставка: И Гана остана без селектор

158

Репрезентацијата на Гана остана без селектор откако репрезентацијата не успеа да ја помине групната фаза на СП во Катар. Ганците го загубија дуелот со Уругвај со 2:0 во последното коло и го заземаа последното место на табелата.

Тоа е трета тренерска смена на СП 2022 откако претходно оставки поднесоа Херардо Мартино од Мексико односно Роберто Мартинез од Белгија.

Инаку Адо беше назначен за селектор на Гана оваа година, а претходно беше в.д. селектор. И покрај пласманот на СП, тој не можеше да го крене тимот да биде „фактор“ на Мундијалот во Катар.

ПретходноАвстралиски играч го „украде“ листот со инструкции од Данците и им ја растури тактиката (видео)
СледноСрбија-Швајцарија: Реми со четири гола по првите 45 минути (видео)