Шокантно: Мундијалите во 2026 и 2030 без Германија!?

4020

Германците на СП во Катар доживеаја потоп. Урната е гордоста на германската нација. Некогаш “панцирите“ важеа за моќен тим, а сега испаѓаат од една Јапонија.

Оваа селекција под водство на Ханси Флик едноставно нема иднина, се се тоа “извикани“ играчи, барем според стручњаците во Германија.

Сепак според едно сценарио, по малку и лудо, допрва ќе следува катастрофата за Германците.

Имено ако се следи низ што минува Италија, ова би можеле да им се случи и на Германците, а така тргнале, исто како и Италија, која да потсетиме во март беше елиминирана во баражот од момците на селекторот Благоја Милевски.

Па, еве што вели сценариото:

-Италија во 2006 година беше светски првак и тоа по четврти пат. На следниот Мундијал во 2010 година, “аѕурите“ ја завршија групата како четврти. Потоа во 2014 година во групата беа трети, а во 2018 и 2022 ги нема на Мундијалите.

-Германија во 2014 стана светски шампион по четврти пат. Во 2018 во Русија групата ја заврши на последното место, сега во Катар заврши како трета во групата.

Значи сега следува, се разбира ако ја “копираат“ Италија, СП во 2026 и 2030 да се одржат без Германија.

Лудо сценарио, но којзнае…

ПретходноНаумоски доби друштво!
СледноТрагедија: На 25 години почина некогаш големата фудбалска надеж на Финска!