Очекувано и убедливо, ракометарите на шампионот Вардар ја остварија и тринаесеттата сезонска победа. Во првиот меч од 13. коло, нашиот без проблеми славеше против тимот на Куманово со 37:21.
Уште во првиот дел од мечот Вардар ја направи разликата по која Куманово можеше да се надева само на што помалку голови во својата мрежа. „Црвено-црните“ на пауза заминаа со 23:8.
Во вториот дел домашните продолжија со рутинска партија, а Куманово успеа да намали од негативата до -16. Ќосески одигра одличен меч за шампионот постигнувајќи 12 гола.