Фудбалскиот свет е во шок по синоќешниот расплет во групата-Е на СП во Катар. Јапонија ги победи и Германија и Шпанија и го освои првото место. Германија и Костарика си одат дома, а Шпанија е втора и тоа откако синоќа на шокантен начин загуби од Јапонија. Секој оној што знае па макар и малку фудбал сфати дека во второто полувреме “Фуријата“ не се наигра. Да, имаше посед, но…
Да, Шпанија одеше на работ, во еден момент при водството на Костарика беше и во аут од пласман во 1/8 финалето.
Сепак треба да се знае едно нешто. Ако се беше како што треба четата на Луис Енрике во 1/8 финалето ќе играше со Хрватска а во 1/4 финалето со Бразил. Вака тие одат на Мароко. Секоја чест на Мароко, но сепак Хрватска си е Хрватска.
Сега Шпанците се правдаат, играле до максимум, а како да не, играле за да победат, но треба јавно Енрике да и се заблагодари на Германија, која токму со тој пораз на Шпанија од Јапонија си замина од Катар.
Енрике нема да каже благодарам, но затоа медиумите му се заблагодарја на Каи Хаверц со..
DANKE, senor Havertz….