Кимих: Се плашам дека пропаѓам во дупка без дно

466

Германија се збогува со СП во Катар по поразот од Костарика со 4:2 во последното коло од групната фаза. Една од ѕвездите Џошуа Кимих е разочаран од настапот и чувствува дека откако е репрезентативец ништо добро не му се случило со националниот тим.

Лично, тоа е најлошиот ден во мојата кариера. Не успеавме на СП во 2018 година, исто така и на Европското првенство, па се плашам дека пропаѓам во дупка без дно. Му се приклучив на тимот во 2016 година и од тогаш гледам само разочарувања. Тоа не е нешто за што се борам. Почнувам да мислам дека овие неуспеси се поврзани со мене“, изјави играчот на Баерн.

FOTO> Twitter/FIFA World Cup 2022

ПретходноНа мечот Србија-Швајцарија беа покажани 11 жолти картони, најмногу по финалето во 2010!
СледноПикси не размислува за оставка: Останувам селектор!