Комити го посетија Вардар на тренинг пред дербито со Пелистер: Порака од западот верен, сакаме срце на терен

573

Денеска пријатно изненадување за играчит на Вардар на редовниот тренинг. Комитите се појавија со банер на кој беше напишана мотивирачка порака во пресрет на големото дерби во Битола утре против Пелистер кое се игра од 13:00 часот.

„Порака од западот врене, сакаме срце на терен“, порачаа Комити сакајќи да дадат до знаење дека не признаваат утре никаков кикс и дека мора да се оди на трите бода против лутиот ривал.

Истите секако дека ќе го направат Вардар уште поконкурентен за првото место на ВМФЛ табелата, место кое е секако и императив за „црвено – црните“.

Комити најавуваат утрешно гостување во Битола со околу 300 членови.

ПретходноЖоао Мутињо и официјално во Специја
СледноJ.Кореја со историски триумф над Португалија и 1/8 финале, Уругвај во плач си замина дома (ВИДЕО)