На мечот Србија-Швајцарија беа покажани 11 жолти картони, најмногу по финалето во 2010!

371

Натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија е еден од најгрубите натпревари во историјата на Мундијалите, барем така покажува статистиката. Швајцарија победи со 3:2 во меч со пресврти и се пласира во осминафиналето. Србија со бод го заврши настапот.

Да кажеме дека на овој меч судијата имаше многу работа. Покажа дури 11 жолти картони од кои седум за Србите, а четири за Швајцарците. Тоа се најмногу покажани жолти картони на еден меч од СП по финалето на Мундијалот 2010 година помеѓу Шпанија и Холандија. Во тој меч кога Шпанија победи и стана светски првак беа покажани 12 жолти картони, меѓутоа во 120 минути игра.

Вечерва во Доха, дуелот ескалираше во финишот кога се спречкаа неколку фудбалери. Во таа ситуација „пожолтеа“ Миленковиќ, Лукиќ кај Србите и Џака и Шар кај Швајцарците.

ПретходноКомплетирана нокаут фазата – Ниту едно супер дерби во осминафиналето на СП!
СледноКимих: Се плашам дека пропаѓам во дупка без дно