Ден по испаѓањето на Германија од Мундијалот, а пласманот во 1/8 финалето на Јапонија, ФИФА излезе со официјално соопштение и образложение околу спорниот момент на дуелот Јапонија – Шпанија. Победничкиот гол на Јапонците со кои триумфираа со 2:1, според многумина беше нерегуларен затоа што топката наводно излегла од теренот, но ФИФА денеска изнесе докази дека тоа не е така.
„ ВАР беше искористен за да се провери регуларноста на вториот гол на Јапонија. Истиот утврди дека топјата не го напушти теренот. ВАР арбитрите имаа можност да се уверат во доказите преку снимки и фотографии и да донесат правилна одлука. Топката целосно не беше излезена односно делимично сеуште беше во терен, што значи дека била активна игра“ – рекоа од ФИФА.
Other cameras may offer misleading images but on the evidence available, the whole of the ball was not out of play. pic.twitter.com/HKKEot0j1Y
— FIFA.com (@FIFAcom) December 2, 2022