Роналдо измисли револуционерен потег во фудбалот (ВИДЕО)

983

Во пресрет на натпреварот против Јужна Кореја на Светското првенство, Кристијано Роналдо покажа некои технички вештини на тренингот на Португалија, а на социјалните мрежи кружи видео од „лажен удар со глава“.

На видеото се гледа како 37-годишниот Роналдо жонглира со коленото со топката, пред да изведе „лажен удар со глава“.

Португалскиот капитен се насмеа додека покажа на соиграчот, а навивачите беа воодушевени, сметајќи дека „лажниот удар со глава е всушност револуционерен потег во фудбалот“.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Аргентина и Меси ќе се загреваат за она вистинското…
СледноВлаховиќ: Ова не е катастрофа, ова е реалноста за Србија