Белгија се распаѓа по Мундијалот, петмина не сакаат дома заедно со репрезентацијата

373

Репрезентацијата на Белгија секако дека е едно од најголемите разочарувања на Мундијалот во Катар. Испадна уште во групната фаза, селекторот Роберто Мартинез автоматски поднесе оставка, а медиумите од оваа земја денеска објавуваат уште една шокантна вест.

Дека дел од репрезенативците воопшто не сакаат да се вратат дома со авионот на Федерацијата заедно со остатокот од тимот, туку во сопствена режија ќе го напуштат репрезенаттивниот камп во Катар.

Тоа се Томас Муние, Аксел Витсел, Жереми Доку, Артур Тиет и Луис Поенда. Со ова дефинитивно и очигледно е ставен крај на една генерација која што ветуаше многу, а стигна до третото место на Мундијалот во Русија.

 

 

 

ПретходноЏака започна Аканџи ја „дотепа“ Србија (ВИДЕО)
СледноУбедлив триумф: Алкалоид си поигруваше со Вардар Неготино!