Богдановиќ се врати на терените, Дејвис и Леброн ги „уништија“ Минесота и грчкиот ѕвер (ВИДЕО)

154

Никола Јокиќ запиша нов дабл-дабл оваа сезона, но тоа не беше доволно за победа на неговиот Денвер. Серијата од четири триумфи во низа ја прекина Атланта, која славеше со 117-109 во кам-бекот на Богдан Богдановиќ. Српскиот кошаркар поради операција на коленото беше надвор од терените, овој важен дуел за него го заврши со скромни бројки од пет поени.

На другата страна неговиот сонародник, Јокиќ запиша 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.

Денвер се наоѓа на третото место на табелата во Западната конференција со скор од 14/8, додека Атланта се наоѓа на четвртото место на Истокот со скор од 13/10.

ЛА Лејкерс после долго време по очајниот старт на сезоната дојдоа до голема победа. Тимот од ЛА славеше против Милвоки Бакс со 133-129 за дветти триумф оваа сезона. Ентони Дејвис беше лидерот во редовите на „езерџиите“, запиша 44 поени, зад него беше Леброн Џејмс со 28 поени, 11 асистенции и осум скока.

На оваа средба Леброн го мина Меџик Џонсон на вечната листа на асистенции. Со 10.144 асистенции се искачи на шестото место.

Во редовите на Милвоки, грчкиот ѕвер, Јанид Адетокумбо имаше 40 поени, седум скока и пет асистенции.

Резултати: Шарлот – Вашингтон 117-116, Атланта – Денвер 117-109, Бостон – Мајами 116-120 (прод.), Бруклин – Торонто 114-105, Кливленд – Орландо 107-96, Милвоки – ЛА Лејкерс 129-133, Мемфис – Филаделфија 117-109, Сан Антонио – Њу Орлеанс 99-117м Феникс – Хјустон 121-122, Јута – Индијана 139-119, Голден Стејт – Чикаго 119-111.

ПретходноБитола сака од Пелистер на Секуловски офанзива и конечно победа на еден дерби дуел
СледноЛоши вести од Шпанија: Ѓуроски мораше да оди „под нож“!