Браво: Калин со пласман во финалето во Мадрид!

118

Уште еден голем успех за нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски кој се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот во Мадрид. Имено Македонецот попладнево по голема борба успеа да го победи Сидане Понтјодкримо од Холандија со 2:1 во сетови во полуфиналето во Мадрид.

Калин го доби првиот гем со 6:4, но затоа во вториот одигра нешто послабо и го загуби со 1:6. Затоа во третиот сет и решавачки, Ивановски успеа да дојде до 7:5 во гемови и со тоа да стави печат на пласманот во финалето.

Браво за Калин Ивановски кој во последно време игра во фантастична форма.

ПретходноЈувентус потпишува со Илинг до 2027
СледноОфицијално: Дарко Радуловиќ на клупата на клуб од Унгарија!