Верстапен сака да се проба со Алонсо на „24 часа Ле Ман“

222

Двократниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен не отфрли дека еден ден ќе настапи на трката „24 часа Ле Ман“ во иста екипа со Фернандо Алонсо.

„Би сакал да се натпреварувам во други серии по Формула 1, тоа би било одлично. Договорот со Ред Бул завршува во 2028 година, ќе имам 31 година. Секако, можам да бидам конкурентен уште неколку години, а би сакал да правам други работи со помал притисок и помалку зафатени распореди. Алонсо никогаш нема да заврши со трките. Во овој поглед, ние сме различни. Но, би било одлично да се пробаме. Ако Фернандо е подготвен за тоа, тогаш дефинитивно ќе се стреми кон победа. Сега Фернандо има 41 година, а ако продолжи да се трка, не се сомневам дека на 50 ќе биде брз како што е сега! Имаме време да се сретнеме“, изјавил Верстапен.

ПретходноГоџа незадржлива и денеска славеше во Лејк Луис
СледноПеле со порака од болница: Гледајте го Бразил на Светско!