Влаховиќ: Ова не е катастрофа, ова е реалноста за Србија

687

Репрезентацијата на Србија испадна од Мундијалот во Катар откако во третото коло синоќа загуби од Швајцарија со 2:3. Нашиот северен сосед имаше големи амбиции, но за жал не успеа да ја мине ниту групната фаза. Дали е ова трагедија за нив одговори еден од стрелците за Србија на вчерашниот меч, Душан Влаховиќ.

„Трагедија? Не не е тагедија. Колку пати Србија била на големо натпреварување и ја минала групата? Размислете и кажете ми. Значи тоа не е трагедија, туку реалност за нас. Можевме подобро, мора да работиме да се поправиме и да одиме напред. Не, немам проблем со селекторот Стојковиќ имаме супер однос. Не влијае ни оние глупости кои што се пишуваа пред мечот, одржав прес конференција на таа тема, и не сакам да се навраќам на тоа“ – изјави Влаховиќ по дуелот со Швајцарија.

ПретходноРоналдо измисли револуционерен потег во фудбалот (ВИДЕО)
СледноЏака започна Аканџи ја „дотепа“ Србија (ВИДЕО)