ВМФЛ: Спектакл – “Дерби на Македонија“, Пелистер VS Вардар и “Чкембари“ против “Комити“!

372

Денеска се играат сите мечеви од 14.коло во ВМФЛ. Секако дека се е во сенка на она што ќе се случува во Битола. А таму од 13 часот на стадионот “Петар Милошевски“ ќе се “Дербито на Македонија“ бр.57. Денеска е ден за фудбалските гурмани, Пелистер против Вардар, “Чкембарите“ против “Комитите“. Вечните ривали еден против друг.

Градските власти на Битола сторија се што треба денеска да биде фудбалски празник. Денеска ќе биде пуштена во употреба и новата трибина. Битола “ГОРИ“, а Пелистер и Вардар, како и фановите на двете екипи ќе ја “гасат“.

Пелистер сака да докажеи покаже, со победа секако, дека местото му е при самиот врвна табелата, додека Вардар сака да ја задржи лидерската позиција. Во случај на пораз секако Пелистер веќе нема што да бара во битката за тие први две места.

Интересно ќе биде и во Радовиш каде Детонит Плачковица ќе “удри“ на Воска Спорт, додека Гостивар му гостува на Борец и е во очекување на кикс на Вардар како би се вратил на првото место.

ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО –ДЕНЕСКА (13 Ч)

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

КОЖУФ –ТЕТЕКС

АРСИМИ – БЕЛАСИЦА

ОХРИД – СЛОГА (В)

ДЕТОНИТ – ВОСКА

БОРЕЦ – ГОСТИВАР

КАРАОРМАН – БЕСА

ПЕХЧЕВО – САСА  

ТАБЕЛА

Вардар 32, Гостивар 31, Воска 30, Пелистер 26, Детонит 25, Охрид 22, Беласица 19, Караорман 19, Беса 17, Арсими 14, Кожуф 14, Саса 13, Пехчево 11, Слога (В) 10, Тетекс 7, Борец 0 бодови…

ПретходноАлкалоид по заверка на второто место!
СледноЏака се огласи за дресот „Јашари“: Нема никаква врска со политика!