Гостивар експресно им се врати на старите навики – победите!

106

Екипата на Гостивар брзо се рехабилитираше по првиот пораз оваа сезона. Избраниците на Малинков пред своите фанови го совладаа Чаир со 86-68 во рамките на осмото коло во Првата лига.

Гостите беа подобри во првата четвртина, ја завршија минимално во своја корист од два коша (22-24). По 25-26 на стартот на следниот период, кошаркарите на Гостивар со серија од 10-1 го превземаа водството (35-27) и го наметнаа својот ритам.

Доминацијата ја продолжија и по одморот, најголемата предност беше 12 поени. На другата страна Чаир не најде начин како да приреди пресврт и неизвесна завршница, на крајот мораше да помири со шестиот пораз.

Гостивар го запиша седмиот триумф оваа сезона и ја продолжи трката за првото место заедно со МЗТ Скопје и Пелистер.

Митевски постигна 19 поени, Пипкинс и Ефремовски имаа 16 поени, кај гостите Мохамед и Русити имаа по 15 поени.

ПретходноСаутгејт: Трениравме пенали, но целта ни е да победиме во регуларниот дел
СледноПОЛУВРЕМЕ: Меси ја „влече“ Аргентина кон четвртфинале (ВИДЕО)