Италијанката Софија Гоџа победи на спустот на Лејк Луис во саботата, откако вчера ја оствари и првата победа на истата патека. Денеска второто место го оствари Нина Ортлиб, додека трета финишираше Корин Сутер.
Гоџа со денешната победа стигна до 19-тата победа во Светскиот куп, 14-та во спуст. Швајцарката Корин Сутер, олимписка и светска шампионка, која заврши втора вчера, денеска се задоволи со третата позиција, а меѓу неа и Гоџа се најде Нина Ортлиб, 26-годишната Австријка, ќерка на Патрик Ортлиб, олимписки шампион во спуст од Албервил во 1992 година.