Дамфрис со две асистенции и гол ја однесе Холандија во четвртфинале (видео)

95

Репрезентацијата на Холандија се пласира во четвртфиналето на СП во Катар по денешната победа над Соединетите Американски Држави со 3:1. Мечот го одбележаа три гола, од кои два Холанѓаните ги постигна во првото полувреме. На двата асистент беше Дамфрис, а Депај го отвори резултатот во 10. минута, а пред крајот на првиот дел погоди и дефанзивецот Дејли Блинд.

Американците знаеја дека во вториот дел мора да се отворат и да нападнат со сета сила меѓутоа само го ублажија поразот. Хаџи Рајт постигна безобразно добар гол во 76. минута. Пулишиќ нафрли по земја, а Рајт со петица го лобуваше противничкиот голман.

Сепак, Холанѓаните ја завршија работата во 81. минута кога Дамфрис ја осигура победата.

Па така Холанѓаните ќе го чекаат подобриот од дуелот Аргентина-Австралија.

ПретходноКаков аматеризам: Базата на српската репрезентација во Катар била како “железничка станица“! (ВИДЕО)
СледноЌе има казни за Уругвајците: Кавани го искрши ВАР мониторот, Хименез го вреѓаше судијата (видео)