Дамфрис: Јас и Дејли убаво одговоривме на критиките

119

Дензел Дамфрис и Дејли Блинд одиграа одличен меч за Холандија на мечот со САД. Дамфрис два пати асистираше и постигна еден гол, а Блинд исто така се запиша во листата на стрелци во победата од 3:1.

Фокусиран бев на цел меч. Мило ми е што допринесов за победата. Знам дека јас и Дејли бевме цел на критики изминатите денови и мило ми е што одговоривме фантастично. Сега ќе веруваат повеќе во нас“, изјави Дамфрис.

И капитенот Ван Дајк изјави дека тимот можел да одигра многу подобро.

Чувствувам дека сме подобри од меч во меч. Знаеме да играме добар фудбал, тоа го покажавме денес. Постигнавме два гола, примивме еден, да бидам искрен не знам како влезе топката во голот. Но потоа се вративме. Најдовме начин да дадеме уште еден гол и да го решиме мечот“, изјави Ван Дајк за „НОС Спорт“.

ПретходноЕ.Пелистер 2 го освои Радовиш и се израмни со Тиквеш!
Следно„Езерското“ дерби без победник!