Денеска на СП во Катар стартуваат осминафиналните пресметки. Нема веќе поправен, кој ќе загуби си оди дома, а победниците одат во четвртфиналето. Интересно, во оваа прва фаза од елиминациите нема ниту едно супер-дерби, но затоа во четвртфиналето се очекува да има мега-дуели.
Елиминациската фаза ќе ја отворат Холандија и САД. Меч кој се игра од 16 часот. Се разбира дека “лалињата“ се фаворити, кои иако не одиграа којзнае како во групната фаза, но на крилјата на супер Гакпо, не би требало да имаат проблем да ја минат оваа пречка.
Во вториот меч од денешната програма се среќаваат Аргентина и Австралија. Јасно е дека во фудбалот се е можно, но Меси и другарите ни во сон не помислуваат на ништо друго освен на победа. Веројатно нема да игра Ди Марија, но “гаучосите“ на денешниот меч би требало да се загреваат за тоа што допрва следува, за тоа вистинското.
ОСМИНАФИНАЛЕ – ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ХОЛАНДИЈА – САД (16:00 Ч)
Стадион: Калифа Интернационал (Доха)
АРГЕНТИНА – АВСТРАЛИЈА (20:00 Ч)
Стадион: Ахмад бин Али (Ал Рајан)