Пелистер – Вардар 2:2 (2:0) во дербито на 14.коло во ВМФЛ, во “Дербито на Македонија“. Ова е епилогот од вечното дерби меѓу двата наши фудбалски гиганти.
Пелистер имаше 2:0, имаше се во свои раце или нозе, но Вардар успеа да се “извади“ и на крајот сепак резултатот да биде 2:2.
Во прекрасен декор, пред околу 3.000 гледачи се одигра ова дерби. Беше пуштена во употреба новата трибина, а свој шмек дадоа и двете навивачки групи “Чкембари“ и “Комити“. Беше вистинско уживање да се биде денеска на стадинот “Петар Милошевски“ во Битола.
Во првиот дел Вардар ја имаше иницијативата, имаше и две шанси, но сепак на пауза се замина со водство на Пелистер од 2:0. Прво Наумоски а потоа и Маневски, по одличниот центаршут на Благојче Љамчевски, постигнаа два гола, мрежата на Гачевски двапати се тресеше и битолчани поведоа со 2:0. Тоа водство како да ги шокира гостите па тие не беа на она ниво како
Во продолжение првата шанса ја имаа домашните, и тоа преку Петар Љамчевски во таа 48.минута, но сепак остана водството на домашните од 2:0.
И тогаш за само пет минути Вардар дојде до 2:2. Прво Маркоски одлично му асистираше на Христов за 2:1 во 63.минута, а потоа самиот Маркоски ја затресе домашната мрежа за 2:2. Се виде дека Вардар тргна напаѓачки, тргна на се или ништо, додека Пелистер тотално се повлече, но и лесно прими два гола. По тоа израмнување Вардар повторно напаѓаше кон голот на Петровски.
Сепак Пелистер преку Китановски во 75.минута имаше шанса за ново водство за Пелистер, но шутираше за малку покрај голот, се чини дека имаше и други решенија.
Во последниот период од играта Вардар беше тој што “бараше“ трет гол, посакуваше комплетен пресврт, додека домашнте се обидуваа од контра да дојде до шанса.
Мицевски во самиот финиш ја погоди стативата на Пелистер, каква среќа за битолчани.
На крајот дербито заврши без победник, со резултат 2:2.