Каков аматеризам: Базата на српската репрезентација во Катар била како “железничка станица“! (ВИДЕО)

20047

Дури сега се гледа, откако за Србија заврши Мундијалот, каков аматеризам имало во таа репрезентација за време на престојот во Катар. Познатиот јутјубер Чода, низ видео покажа дел од хотелот во кој српските фудбалери престојуваа. Се гледа дека базата на Србија била како „железничка станица“, секој можел да влезе и да си прави селфи со играчите, потоа да руча заедно со избраниците на Пикси и тоа да го прави без никој ништо да го праша. Покрај обичните луѓе кои си влегувале во хотелот кога и како сакале, тука постојано биле и познати естрадни фаци од таа земја, кои престојувале во хотелот како да тоа е нивна база.

Невиден аматеризам, и за тоа секако дека е виновен само еден човек, а тоа е селекторот Драган Стојковиќ Пикси.

ПретходноХоланѓаните со двојна предност над САД по првите 45 минути (видео)
СледноДамфрис со две асистенции и гол ја однесе Холандија во четвртфинале (видео)