Работнички фати залет, ја запиша четвртата победа во низа во Првата лига. Најтрофејниот кошаркарски колектив на домашен терен го совлада Куманово со убедливи 119-83 во рамките на осмото коло.
Куманово беше рамноправен противник само во првата четвртина, која ја доби со 22-27, а потоа целосно застана. На другата страна следеше одговор од 12-0 за водство од 34-27. Избрнаиците на Димитар Мираковски не застанаа, набрзо дојдоа до двоцифрена позитива од 39-29. На одморот резултатот беше 59-41.
Оваа негатива беше преголема за гостинскиот состав, не успеа да најде начин да се врати во натпреварот, го положи „оружјето“, па поразот број шест беше неизбежен.
Форте со дабл-дабл од 26 поени и 10 скока беше лидер, Малешевиќ и Пол имаа по 19 поени, 16 поени запиша Бакоч, во листата на стрелеци се запиша Шошкиќ со 11 поени. На другата страна Ален имаше 29 поени.