Лоши вести од Шпанија: Ѓуроски мораше да оди „под нож“!

340

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски одреден период ќе биде надвор од терените. Оуренсе на својата официјална страница објави дека поради скршеница на десната рака со која се здобил на тренинг, Ѓуроски морал да оди на оперативен зафат.

Нашиот репрезентативец добро се чувствувал, се минало во најдобар ред, За Оуренсе ова е голем удар, ако се земе во предвид дека Ѓуроски е еден од лидерите на теренот. Неговиот кам-бек најверојатно ќе биде во 2023 година.

ПретходноБогдановиќ се врати на терените, Дејвис и Леброн ги „уништија“ Минесота и грчкиот ѕвер (ВИДЕО)
СледноАлкалоид по заверка на второто место!