Навивачко шоу во Битола, Пелистер на полувреме води против Вардар (ВИДЕО)

2671

Во моментов во Битола се игра големото фудбалско дерби на Македонија помеѓу екипите на Пелистер и Вардар. На полувреме резултатот е 2:0 откако за домашните погоди Наумоски. Иако Вардар добро го стартуваше мечот, имаше неколку ситуации пред домашниот гол, сепак, Пелистер успеа по еден слободен удар и мешаница во шеснаесетникот на Вардар да погоди за водство. Во самиот финиш на првиот дел, центаршутот на Љамчевски го искористи Борче Маневски и со глава погоди за 2:0.

Новата трибина на „Петар Милошевски“ официјално е денеска отворена, и е преполна со навивачи. Прекрасниот амбиент во Битола е надополнет со присуство како на Чкембарите, така и на Комитите, кои направија фантастичен навивачки декор.

ПретходноУбедлив триумф: Алкалоид си поигруваше со Вардар Неготино!
СледноПроблеми за Тите и Бразил: Заврши Мундијалот за Жезус и Телес!