Норвежанецот Александар Омод Килде, иако болен, ја прослави втората победа на вториот спуст во тековната сезона од Светскиот куп во американскиот зимски центар Бивер Крик.
Исто како и минатата година, Килде триумфираше во Бивер Крик за само 6 стотинки пред Швајцарецот Марк Одермат на познатата патека Birds of Prey. Третопласираниот Џејмс Крафорд од Канада заостана 0,79 секунди.
Првата трка во петокот беше откажана поради свежиот снег и ветер. За 30-годишниот Килде ова беше осма победа во спуст во Светскиот куп.