Со деветтиот гол на светските првенства, Лео Меси и обезбеди предност на Аргентина од 1:0 по првиот дел од осинафиналниот натпревар против селекцијата на Австралија. Ѕвездата на светскиот фудбал во својот 1000-ти меч во кариерата, погоди во 34. минута за водство на „гаучосите“ и покажа дека е главна движечка сила на тимот кој претендира на највисок пласман на ова СП.
Австралијците покажаа дека можат да бидат конкурентни, но беа далеку од опасни по голот на Мартинез.