По сите оние проблеми за Бразил и селекторот Тите поврзани со Нејмар, нов шок за сите во таборот на еден од најголемите фаворити на СП. Имено заврши Мундијалот за Габриел Жезус и Алекс Телес и тоа поради повреда. Се разбира дека ова е голем удар за Бразилците, кои допрва ги чекаат големи искушенија во битката за титулата на СП во Катар.