Убедлив триумф: Алкалоид си поигруваше со Вардар Неготино!

128

Во меч од 13.коло во ракометната Суперлига, фаворитот Алкалоид во целост ја оправда улогата на фаворит и успеа со 40:16 (18:9) да го победи тимот на Вардар Неготино и со тоа да дојде до единаесеттата победа сезона во групата – А.

Во текот на целиот меч освен кусо на стартот, избраниците на Кире Лазаров едноставно покажаа кој е кој, во текот на целиот меч ги диктираа настаните на натпреварот и на крајот заслужено дојдоа до висок и убедлив триумф.

Со овие нови бодови тимот на Алкалоид и официјално го завери второто место на табелата со што во плеј – офот ќе пренесе два бода.

Најефикасни кај победничкиот тим беа Серафимов со 7 и Кофилоски со 6 голови, додека кај гостите Кузманов постигна пет погодоци.

ПретходноБелгија се распаѓа по Мундијалот, петмина не сакаат дома заедно со репрезентацијата
СледноНавивачко шоу во Битола, Пелистер на полувреме води против Вардар (ВИДЕО)