Едсон Арантес до Насцименто или Пеле, кралот на фудбалот, е во тешка здравствена состојба. Имено неговиот организам не реагира веќе на хемотерапијата и иконата на фудбалот кој има 82 години си има проблеми. Моментално е во болница, но ситуацијата е повеќе од критична.
Да потсетиме дека врз него пред извесно време беше извршен оперативен зафат по откривањето на ракот на дебелото црево, но резултатите изостанаа.
Па така сега, барем според информациите од Бразил, Пеле е префрлен во одделот за Палијативно лечење каде пациентите ги бројат последните мигови од своите животи.