Младинскиот репрезентатиец на Англија и член на тимот на Јувентус, Самуел Илинг ќе потпише нов перманентен дил со клубот, кој ќе го обврзе на соработка до 2027 година.
Некогашниот член на Челзи се пресели во Торино во 2020 година и претежно настапуваше за вториот тим но со оглед на новиот договор Јуве очигледно дека има намера во следниот период да му даде сериозна шанса на офанзивецот.
Левоногиот крилен напаѓач има забележано преку 20 настапи за младинските селекции на Англија.