Уругвај доживеа елиминација од Мундијалот во Катар и покрај тоа што победи над Гана во последното коло. Сепак, не зависеше од нив, на другиот меч Јужна Кореја ја совлада Португалија со пресврт и се пласираше во наредната фаза, а Јужноамериканците се спакуваа за дома.
По мечот имаше многу нервозни лица во редовите на Уругвај. Дефанзивецот Хозе Хименез и напаѓачот Единсон Кавани го истурија бесот пред камерите. Кавани на патот кон соблекувалната го турна мониторот каде судијата ги гледа повторените снимки, а Хименез имаше жестока расправија со главниот судија Даниел Зиберт од Германија.
Играчот на Атлетико доби жолт картон претходно, меѓутоа тоа може да не биде конечната казна. Дисцилинската комисија на ФИФА ќе ги разгледува инцидентите и ќе излезе со информација. Можно е Хименез и Кавани да добијат жестоки казни како на правиме суспензија од 15 натпревари како во репрезентацијата така и за клубовите за кои играат.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) December 2, 2022
Esto de Giménez 😳😳😳pic.twitter.com/CFhH7PSlOD
— Iván (@IvanBlanco_26) December 2, 2022
Esto es muy gordo. Giménez ha agredido al director de competiciones de FIFA. Le ha dado un codazo y acto seguido le ha insultado de manera muy grave. La sanción va a ser histórica. pic.twitter.com/L3J0VkEtKe
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) December 2, 2022