На вчерашниот дуел од третото коло на Мундијалот во Катар, репрезентацијата на Србија загуби од Швајцарија со 3:2 и е елиминирана. Тензии имаше како на самиот дуел, а и по мечот, тоа веќе е напишано и видено, но во сето тоа централна личност беше Гранит Џака.
Сепак, утринава се појави снимка на која се гледа дека покрај Џака, со провокации, не остана покус ниту Аканџи, кој по последниот свиреж на сидијата со гестикулација им покажа на Србите среќен пат кон дома.
Akanji waving bye to the Serbian players 🤣 pic.twitter.com/R6fZr9NnSd
— Biggies Malls 2.0 (@Biggies_MaIIs) December 2, 2022