Лео Меси и Кристијано Роналдо изминатата деценија ипол ги уриваат фудбалските рекорди во Европа и во Светот и се популарни кај многумина фудбалски љубители. Тие се ривали во фудбалот, но во Колумбија се браќа. Според „РНЦ“ татко од градот Кордоба одлучил синовите да ги крсти по светски познатите фудбалери.
Едниот син е Кристијано Роналдо, а другиот е Леонел Меси (не Лионел како Аргентинецот). Па така Меси и Роналдо се браќа во Колумбија.