Денеска продолжуваат мечевите од Супер-лигата, која полека го дава изгледот на табелата во плеј-офот. Веќе е познато дека Вардар 1961 и Е.Пелистер ќе стартуваат со три бода, додека пак Пролет со триумфот над Скопје ја потврди втората позиција во групата Б и дефинитивно ќе пренесе два бода.
Денеска се очекува второто место, но во групата А да го потврди Алкалоид. Дебитантот во Супер-лигата, има само два порази и тоа од акутелниот бранител на титулата, со триумф против Вардар Неготино на домашен терен ќе стави печат на втората позиција што значи дека ќе пренесе два бода.
Од групата А, на распоредот е езерското дерби меѓу Охрид и Струга (18:30 часот), домаќинот е на четвртото место на табелата, додека пак гостите се петти. Половина час порано, Радовиш го пречекува Е.Пелистер 2 во меч од групата Б.