Е.Пелистер 2 дојде до осмата победа оваа сезона, откако на гостувањето кај Радовиш ја оправда улогата на фаворит, славеше со убедливи 24-35. Трите бода за битолскиот состав значи и израмнување на табелата со третопласираниот Тиквеш, кој влезе во серија од два порази во низа, па сега двата тима имаат по 25 бода.
Гостите не видоа голема мака на оваа средба, поведоа со 2-6, по 7-8, со серијата од 1-4 дојдоа на плус четири 8-12, на одморот предноста изнесуваше шест гола (12-18).
Ништо не се промени ниту во второто полувреме, Е.Пелистер 2 домонираше на теренот, поведе со 21-32 и до крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.Радовиш кој на претпоследното место на табелата во групата Б го запиша десетиот пораз оваа сезона.
Петровиќ со девет гола беше прв стрелец, зад него беше Петар Атанасијевиќ сос едум гола. На другата страна Постолов запиша седум гола.