Норвежанецот Килде, иако болен, победи на спустот во Бивер Крик

79

Норвежанецот Александар Омод Килде, иако болен, ја прослави втората победа на вториот спуст во тековната сезона од Светскиот куп во американскиот зимски центар Бивер Крик.

Исто како и минатата година, Килде триумфираше во Бивер Крик за само 6 стотинки пред Швајцарецот Марк Одермат на познатата патека Birds of Prey. Третопласираниот Џејмс Крафорд од Канада заостана 0,79 секунди.

Првата трка во петокот беше откажана поради свежиот снег и ветер. За 30-годишниот Килде ова беше осма победа во спуст во Светскиот куп.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Меси ја „влече“ Аргентина кон четвртфинале (ВИДЕО)
СледноФеникс се исправи и тоа на најдобар може начин – против ТФТ!