Саутгејт: Трениравме пенали, но целта ни е да победиме во регуларниот дел

130

Селекторот на Англија Герет Саутгејт зборуваше за утрешниот дуел со Сенегал во осминафиналето на СП во Катар. „Трите Лава“ ќе излезат на мегдан со африканската селекција во Ал Бајт, а Саутгејт очекува мечот да го решат во регуларното време.

Сенегалскиот тим има добра структура. Тие се импресивни. Многу добро знам колку тешка задача не чека утре. Сисе (селекторот на Сенегал) работи одлично. Тие немаа среќа да ја поминат групата на СП во Русија, но сега заслужено се во осминафинале.

На ова СП видовме колку фудбалот напреднал во светот. Историски, репрезентациите од Јужна Америка и од Европа доминираа, а во групната фаза видовме како арапските репрезентации како и репрезентациите од Азија и Африка прават убави резултати против тимови кои се многу подобро рангирани од нив.

Трениравме и пенали, но нашата цел е да победиме и да избегнеме екстра време и пенали. Но ако дојде до тоа спремни сме и ментално и физички“, вели Саутгејт.

Претходно„Езерското“ дерби без победник!
СледноГостивар експресно им се врати на старите навики – победите!