Без изненадувања, фаворитите дојдоа до очекуваните победи во 11. коло од домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Шампионот Работнички, со максимални 3:0 славеше над градскиот ривал Вардар ЕМ, а уште поубедлива партија имаа одбојкарките на Јанта Волеј КВ, кои го прегазија новиот состав во елитата оваа сезона, екипата на Македонија Макс.
Во најинтересниот меч денеска, екипата на Фит Фан Волеј ја прокнижи и осмата сезонска победа, откако на домашен терен во четири сета славеше над Струмица. Очекувано, Наковски Волеј со максимални 3:0 го испрати тимот на Вардар 2019.
Прва лига (жени), 11.коло
Вардар ЕМ – Работнички Скопје 0-3 (14-25, 10-25, 19-25)
Македонија Макс – Јанта волеј 0-3 (5-25, 4-25, 5-25)
Фит фан волеј – Струмица жени 3-1 (17-25, 25-21, 25-19, 25-21)
Наковски волеј – Вардар жени 3-0 (25-23, 26-24, 25-9)
Табела: Работнички Скопје 10-1, Јанта волеј КВ 10-1, Наковски волеј 8-3, Фит фан волеј 7-4, Вардар ЕМ 4-7, Струмица жени 3-8, Вардар жени 2-9, Македонија Макс 0-11.