Феникс се исправи и тоа на најдобар може начин – против ТФТ!

106

По двата порази во низа, Феникс успеа да најде начин како да ја врати победничката атмосфера во своите редови. Ова го направи на најдобар можен начин против актуелниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ кого го совлада со 74-79 во меч од осмото коло во Првата лига.

За избраниците на Денис Дервишевиќ ова беше втора победа во меѓусебните пресметки со тимот од Тафталиџе, вкупно петта оваа сезона.

Кошаркарите на Феникс одиграа добро во првото полувреме, кое го добија со 28-47, ова беше и најголемата разлика во овој дел од мечот. Двоцифреното водство гостите го задржаа и во третата четвртина која ја завршија со предност од 52-67.

Во последните десет минути, ТФТ се разбуди, во самиот финиш се обиде со тројки да дојде барем до продолжение. На 16 секунди до крајот беше 74-77 и напад за Феникс, Петков реализираше две слободни фрлања за 74-79 и стави печат на мечот.

Трајковски со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока го предводеше Феникс, Такер имаше 17 поени и 8 скока, Митревски запиша 15 поени, 6 скока и 6 асистенции. Андерсон со 15 поени и Николов со 13 поени беа најдобри кај поразениот состав.

ПретходноНорвежанецот Килде, иако болен, победи на спустот во Бивер Крик
СледноФаворитките без грешка: Работнички и Јанта Волеј во „мртва трка“