Лемго го запиша деветтиот пораз оваа сезона. Тимот за кого настапува Борко Ристовски на гостувањето кај Магдебург беше совладан со 37-33 меч од 15 коло во Бундес-лигата.
Само во првата половина од првото полувреме Лемго беше рамноправен противник, имаше минимално водство, кое Магдебург го реши со серија од 5-0 за водство од 13-9. На одморот беше 19-16, до крајот гостите не најдоа начин да се вратат. Ристовски натпреварот го заврши со пет одбрани.
Хановер наиде на силен отпор на гости кај Вестфален, наместо победа се враќа со реми. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски имаше два гола предност во последните пет минути, на крајот мораше да се задоволи со реми од 29-29. Кузмановски не се запиша во листата на стрелци.
Вецлар предводен од Филип Миркуловски беше поразен од Кил на домашен терен со 25-31.