И денеска на програмата на СП во Катар се две осминафинални пресметки. Франција против Полска и Англија со Сенегал.
Мбапе против Левандовски, Франција против Полска за “виза“ во четвртфиналето. Јасно е дека “триколорите“ се големи фаворити на овој меч и поради својот квалитет, поради Мбапе а најмногу поради моменталната форма. Селекторот на Французите Дидие Дешамп во својот тим има огромен потенцијал, додека Полска се надева на блесок на Левандовски, но дали ќе има сила и знаење да го задржи фантастичниот Мбапе? Останува да видиме. Полјаците и не кријат дека ќе си имаат проблеми со Мбапе, тие малку на шега истакнаа дека ќе им треба скутер за да го сопрат.
На втората средба меѓу Англија и Сенегал четата на Герет Саутгејт е огромен фаворит на хартија. Англичаните имаат одличен напад, Кејн, Рашфорд, Фоден, Стерлинг, Грилиш…но затоа од другата страна ќе ја имаат квалитетната и неверојатно борбена селекција на Сенегал. Нема нималку лесно да им биде на Англичаните посебно кога се игра еден меч.
Сепак реално е Франција и Англија денеска да слават и да си закажат спектакуларно четвртфинале.
ОСМИНАФИНАЛЕ – ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА (16:00 Ч)
Стадион: Ал Тумана (Доха)
АНГЛИЈА – СЕНЕГАЛ (20:00 Ч)
Стадион: Ал Бајт (Ал Кор)