Петровиќ: Одбраната во првото полувреме беше шуплива како сирење!

179

МЗТ Скопје не успеа да дојде до целиот плен во Лакташи. Актуелниот македонски првак имаше шанса за трета победа, но не успеа да ја искористи, беше поразен со 96-90.

Стратегот Александар Петровиќ и неговите момци ќе мора да поработат на многу аспекти во иднина доколку сакаат да сторат нешто повеќе, особено во делот на одбраната која и вечерва беше далеку од посакуваното ниво особено во првото полувреме.

„Честитки до Игокеа за победата. Интересен меч, на две минути дојдовме до водство од половина поен, но Делалиќ погоди две тројки и два поени донесе победа на Игокеа. Можам да бидам задоволен од второто полувреме, додека во првото полувреме одбраната која што ја договоривме беше шупливи како сирење. Во второ полувреме ја променивме одбраната, донесе резултат, конечно некого надскокавме, особено еден тим како Игокеа, имавме шанса, ја пропуштивме. Целосно се вртиме на мечот со Борец“, изјави по мечот Александар Петровиќ. 

ПретходноМЗТ Скопје без сили за големи нешта, со пораз се враќа од Лакташи кај Бајиќ (ФОТО)
СледноПоради вооружена кражба, Стерлинг го пропушти мечот со Сенегал!